Е.Пелистер како фурија низ Прилеп

105

По првиот триумф во Европската лига, Е.Пелистер продолжи во исто темпо и во домашната Супер-лига. Битолчани, очекувано го добија пелагониското дерби, славеа со убедливи 24-41 во рамките на 11. коло.

Гостите отворија со 0-4, а потоа со 2-9. Избраниците на Жељко Бабиќ лесно ја пробиваа одбраната на противникот, на полувремето имаа предност од 12-22. До крајот на Е.Пелистер му остана полесната задача, рутински да го приведе мечот, кој беше решен по само 30. минути игра.

Костески со 13 гола беше прв стрелец, Мараш запиша пет погодоци. Кај домашниот тим, Тренчевски имаше девет гола.

ПретходноШАМПИОНОТ ОСТАНА НЕПОРАЗЕН ДОМА: МЗТ Скопје по голема драма го урна Гостивар (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПоради Ковид-19: Баерн со посебни мерки, на удар навивачите!