Гвардиола: Оваа сезона битката за титулата е многу потешка

129

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола посочи дека следните два месеци претстојат многу натпревари и се надева на добри резултати кои ќе им овозможат на „граѓаните“ полесен пат до титулата на пролет. Но Пеп посочи дека Премиер лигата од сезона во сезона е се потешка.

Од сега па до јануари нема пауза за репрезентациите и се надевам дека ќе имаме добар залет, да избориме место понатаму во ЛШ и да обезбедиме многу бодови во борба за титулата на крајот на сезоната. Борбата за титулата не беше лесна во претходните сезони, но секоја сезона изгледа потешка. Заврши првата четвртина од сезоната, но имаме уште многу натпревари. Во целина добро игравме, но загубивме некои бодови на домашен терен. Сега има два месеци во кои ќе бидеме заедно и се надевам на добри настапи. Треба да бидеме блиску до врвот за да се бориме за титулата во финишот на сезоната“, изјави каталонскиот стручњак.

Сити наредниот период ќе биде без Де Брујн кој има коронавирус, а за другите тој кажа:

Грилиш е се подобар, Фоден има проблем со ногата но неговата состојба се подобрува. Жалам што постојано имаме вакви проблеми кога играчите ќе се вратат по настапите за репрезентациите. Постојано имаме играчи кои се повредени“.

ПретходноАугзбург го совлада големиот Баерн во баварското дерби (видео)
СледноФеникс е специјалист за фаворити, ТФТ на колена пред дебитантот