Феникс е специјалист за фаворити, ТФТ на колена пред дебитантот

130

Феникс стана сериозен противник во прволигашкото друштво. И во осмото коло покажа дека ќе биде голем проблем за фаворитите. Избраниците на Денис Дервишевиќ одиграа уште еден машки натпревар, спојот на младост заедно со странските засилувања, засега функционира добро. Против ТФТ дојдоа до нова – четврта победа, откако славеа со 90-85.

Џонс со 30 поени и 8 скока беше прв стрелец, 17 поени имаше Морган, додека Кларк беше стрелец на 16 поени, добра партија пружи и Михајловски кој запиша 14 поени. На другата страна Смит и Николов имаа по 16 поени.

Гостите тргнаа подобро во мечот, водеа со 10-17, а по последните плус шест (16-22), Феникс со серија од 9-1 поведе со 25-24. Тимот од Тафталиџе успеа да се врати на старите патеки, одржуваше предност од четири коша, но домаќинот со нова серија, овој пат од 7-2 поведе со највисоки 51-42. Од овој момент темпото до диктираше токму дебитантот, цела трета четвртина беше над ТФТ, кој пак пред последните десет минути успеа да намали на 73-72.

Мечот влезе во неизвесна завршница, беше вистинска драма, резултатот се менуваше. Михајловски на три минути до крајот постигна важна тројка за 86-84, неговиот тим не искористи напад да го зголеми водството. Следеше период од две минути во кој двата тима немаа реализација.

Хаосот на теренот го прекина Костоски, кој погоди само едно од две слободни фрлања за 86-85 на 23 секунди до крајот. Морган со 23 поен за 88-85 го доближи Феникс до триумфот.

Смилковски повика тајм-аут на 12 секунди до крајот. Неговите момци не успеаја да изведат топка од аут, па се беше во рацете на дебитантот. Михајловски зголеми на 90-85 за крај на сите надежи во редовите на гостинскиот табор.

ТФТ може да излезе од водечката четворка, секако доколку Работнички слави кај Пелистер. Тимот од Тафталиџе го запиша третиот пораз оваа сезона.

ФОТО: КК ФЕНИКС

ПретходноГвардиола: Оваа сезона битката за титулата е многу потешка
СледноКоњановски ги посети кошаркарите на Пелистер: И јас и општината стоиме зад Вас