Ливерпул вечерва игра против Порто во меч од 5.коло во Лигата на Шампионите. Во пресрет на овој натпревар на задолжителната прес – конференција за медиумите, се случи мал “инцидент“, односно најлошото прашање кое можело да му се постави. Барем така се изјасни стратегот на “редси“.
Имено еден од присутните новинари го праша што тој мисли за случувањата во Манчестер Јунајтед и на тоа како би било Зинедин Зидан да биде тренер на ПСЖ.
Германецот прво се насмеа, за да потоа малку и се подналути…
“Што ме прашувате за вакви работи. Па, каква врска имам јас со Манчестер Јунајтед или ПСЖ? Навистина јас не сум спремен за вакви прашања“ рече Клоп.