Дортмунд му нуди на Халанд 18 милиони евра годишна плата!

264

Иако е повреден и во моментов е во „аут“ од терените, Ерлинг Халанд постојано е во центарот на вниманието, а се знае и зошто. За него се “тепаат“ речисите сите големи европски клубови, му нудат баснословна годишна плата, а тој сега во Дортмунд зема “само“ 9 милиони евра. Познато е дека во јуни е слободен ако некој ја плати откупната клаузула во вредност од 75 милиони евра.

Сепак и “милионерите“ не седат со “скрстени“ раце, па така тие упатиле официјална понуда до Халанд вредна 18 милиони евра како годишна плата, со цел тој и натаму да остане во клубот. Ова се информации кои денеска ги “лиферуваат’ медиумите во Германија.

Сепак тоа е многу, многу помалку од она што Реал Мадрид му го нуди на Норвежанецот, а тоа е годишна плата од 30 милиони евра и плус бонуси, што е двојно повеќе.

ПретходноЗгуснат распоред: Дел од клубовите за 16 дена ќе одиграат по пет натпревари!
СледноБесарт ја “скина“ мрежата на Кавала!