КЛ: Рома и Бодо со победи го потврдија пласманот во нокаут рундата

288

Екипите на Рома и Бодо/Глимт се патници во 1/16 финалето на Конференциската лига откако вечерва изборија победи против Зорја односно ЦСКА Софија. Римјаните славеа со 4:0 со головите на Перез, Заниоло и два на Абрахам, а можеа и поубедливо затоа што промашија пенал преку Верету во финишот на првиот дел.

А Бодо ја забележа и третата победа, со головите на Фет во првото полувреме и на Ботхајм во второто ја совлада бугарска ЦСКА 2:0 и се најде во следната рунда. Во последното коло заедно со Рома ќе се тркаат кој ќе заврши прв во групата.

КВАЛИФИКУВАНИ
ГЕНТ
ФЕЕНОРД
КОПЕНХАГЕН
РЕН
МАКАБИ Т.А.
ЛАСК ЛИНЦ
КАРАБАХ
БАЗЕЛ
БОДО/ГЛИМТ
РОМА
АЗ АЛКМАР

ПретходноПадна обвинeнието – менаџерот Вељковиќ не местел натпревари
СледноОчекуваме добри вести од Цирих: Што треба да знаете за ждрепката за баражот за СП во Катар!