КОМЕНТАР НА 15.КОЛО: “Пандевци“ играат ОДЛИЧЕН фудбал!

547

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Ако мечот од 14.коло меѓу А. Пандев и Тиквеш го прогласивме за меч на есенскиот дел, според квалитетот, возбудувањата и голеадата, тогаш саботниот дуел под Шара меѓу Ренова и А. Пандев што би бил?

Навистина импресионираа и двете екипи, се редеа акции, шанси, голмански одбрани, но сепак гостите од Струмица беа за нијанси, за тие 1:2 подобри, и затоа и победија.

Навистина А. Пандев предводена од стратегот Александар Васоски во последно време игра одичен фудбал. На шесте последни средби во ПМФЛ дури пет победи и едно реми. Од можни 18 бодови освоија струмичани дури 16, со гол разлика 12:5. Значи играат фудбал за гол повеќе, да, примаат голови но и ги даваат, и тоа како ги даваат. Вистинско уживање е да се следат натпреварите наа оваа екипа.

ШКУПИ “ЕКСПРЕС“ ЗА 15 МИНУТИ…

Секако дека трагичниот настан од Бугарија, тука мислиме на страшната автобуска несреќа, а и фактот дека дека “пандевци“ им се приближија само два бода, и тоа како влијаеше на сите во Шкупи, посебно кај играчите.

Можеби затоа и одиграа во првиот дел со Струга ТЛ како што одиграа. Но затоа од 55. до 70. минута вистински „ураган“, за само 15 минути дури четири голови, блескаше Адетунџи и чаирчани си дојдоа до целта, освоија големи и три важни бодови.

Зарем некој мислеше, ова искрено и реално, дека Македонија ЃП ќе ја победи Шкендија, па макар се играло и во Ѓорче?

Бадијала супер формата на четата на тренерот Бајрами, едноставно кога “лавовите“ играат против Шкендија тие не можат да победат. Што е причината? Секако дека тешко е да се одговори, а тука своја улога има и традицијата.

За Работнички нема што многу да се говори, за тоа треба посебна анализа.
Според мене најголемо изненадување беше ремито во Битола. Па нели Пелистер е пред распад? Ако е така тогаш како Скопје си дозволи да не го победи Пелистер на негов терен?

Среќа за Брегалница што го има Марјан Алтипармаковски. Тој за штипјани е “златниот џокер“. Нека видат сите во клубот колку бодови искусниот напаѓач им донесе со своите голови и тоа во самиот финиш на натпреварите.

Непроценливо…

ПретходноИзбегната трагедија: Гром удрил во авионот во кој имало хрватски ватерполисти!
СледноИ Реал по стапките на Барса: Нов договор за Родриго и клаузула од 1 милијарда евра!