По малку еуфорични беа последните денови во таборот на Струга Трим Лум по пласманот во полуфиналето Купот откако четата на стратегот Срѓан Захриевски ја елиминираа Шкендија и тоа среде Тетово.
Сепак сега е време да се вратат кон обврските во ПМФЛ, а таму денеска ги чека тежок меч против Тиквеш, кој во под водство на Влатко Костов од меч во меч игра се подобро.
Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Струга со почеток од 13 часот. За тоа што може да се очекува од овој меч свое видување има Агон Хани…
“И на овој натпревар како и на сите претходни ние ќе влеземе со цел да се освојат трите бода. Струга ТЛ на мечот со Тиквеш ја интересира само победа. Атмосферата во клубот е позитивна откако ја победивме Шкендија во Купот. Тоа ќе ни биде потстрек за уште подобри игри и освојување на бодови во последните кола во есенскиот дел во ПМФЛ“ заклучи Хани.