ЛШ: Баерн ја прати Барса во ЛЕ, Салцбург и пресуди на Севиља (ВИДЕО)

111

Барселона доживеа елиминација од Лигата на шампионите уште по групната фаза, откако вечерва доживеа нов убедлив пораз на гостувањето кај Баерн во Минхен. Баварците славеа со 3:0 и поради победата на Бенфика дома над Динамо Киев од 2:0, Каталонците останаа на третото место на табелата во групата „Е“, што значи дека на пролет ќе играат во елиминациите од второто по ранг европско натпреварување.

Головите за Баерн (М) ги постигнаа Милер и Сане во првото и Мусиала во второто полувреме.

Возбудувањата во групата „Г“ ги промовираа Лил и Салцбург како патници во елиминациите на пролет. Лил со убедливи 3:1 славеше на гостувањето кај Волфсбург, додека Салцбург со голот на младиот Окафор ја совлада Севиља и како втор се протна на патот до пролетната етапа во ЛШ. За Севиља останува третото место и утешната награда, место во ЛЕ.

Во групата „Ф“ се одигра само мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс кој заврши без победник 1:1. Дуелот во Бергамо меѓу Аталанта и Виљареал беше одложен поради снежни врнежи и УЕФА го закажа за утре. Овој дуел ќе биде решавачкиз а второто место од оваа група кое води во пролетниот дел од ЛШ.

Лига на шампиони – 6. коло

Група „Е“

Баерн Минхен-Барселона 3:0

Бенфика-Динамо (Киев) 2:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Група „Ф“

Манчестер Јунајтед-Јанг Бојс 1:1

Аталанта-Виљареал (одложено)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Група „Г“

Салцбург-Севилја 1:0

Волфсбург-Лил 1:3

Standings provided by SofaScore LiveScore

Група „Х“

Јувентус-Малме 1:0

Зенит-Челзи 3:3

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноОбрван се расплака по победата над Вардар (ВИДЕО)
СледноКудуз: Загреб ги казни нашите грешки!