WABA ЛИГА: Бадел 1862 се пласира во Суперлигата!

144

Екипата на Бадел 1862 направи историски пласман во првата „четворка“ која продолжува во втората фаза од женското регионално натпрварување. За тоа им требаше уште една победа над белградски Партизан, а „баделки“ вечерва го реализираа тоа со триумфот од 58:46.

На полувремето, Бадел 1862 водеше со сосема солидни (34:24). Но избраничките на тренерот Перо Стамески не се задоволија со тоа водство. Притиснаа уште повеќе по одморот. Во третиот дел од играта му дозволија на противникот да постигне само шест поени Дадоа двојно повеќе 13, и стигнаа до недостижна предност (47:30).

Кметовска финишираше со дабл-дабл ефект од 20.поени и 10. скока, двоен скор имаше и Нена Трајчевска изразен преку 16.поени и 13.скока (плус и четири асистенции), додека двоен број на поени – 15, реализираше и Димова.

Во Суперлигата, која стартува по новата година, кошаркарките на Бадел 1862 ќе играат уште осум натпревари против екипите на Будуќност Бемакс, Орлови, Војводина 021 и Триглав, кои беа најдобри во групата „А“ во која настапуваше нашиот втор претставник – Баскет Кам 2011.

ПретходноНорвешка на крилјата на Нора Мерк се пласира во 1/2 финалето на СП
СледноФранција преку Шведска стигна до полуфинале на СП