Десеткуваниот Пелистер не можеше да издржи против најсилниот во АБА 2

137

Лидерот во македонскиот шампионат, екипата на Пелистер доживеа пораз во „балонот“ во АБА-2 лигата и загуби од големиот фаворит и лидер Борац Бања Лука (86:101). Битолчани имаа многу проблеми пред мечот, тренерот Марјан  Илиевски имаше само шест кошаркари за ротација и по првата четвртина имаа висока негатива. Во втората четвртина се вратија по негатива од 14 поени и  на полувреме имаа и предност. Потоа паднаа.

Противникот направи серија 0-13 што беше и клучна во триумфот. Кај Пелистер најдобар беше Малешевиќ со 24 поени, а Стајиќ и Кесар дадоа по 18. Инаку ова е петтиот пораз на битолчани по шест кола во АБА 2.

 

ПретходноТИМ НА 18.КОЛО: Адетунџи стави “печат“ на блескавата есен на Шкупи!
СледноАрсенал го „среди“ Вест Хем (видео)