Филип Миркуловски и неговиот Вецлар приредија сензација во Бундес-лигата, го совладаа Кил со 29-27.
Тимот на македонскиот репрезентативец беше одличен во првото полувреме вие кое го симнаа противникот на девет гола, позитивата беше три гола (12-9).
Кил се обиде по одморот да се врати, но Вецлар беше мотивиран доволно, не ја пропушти шансата за големи бодови.
Ова беше деветта победа, со едно реми и шест порази се наоѓа на петото место на табелата, за Кил ова беше трет пораз во Бундес-лигата.
Филип Миркуловски беше во составот, но не се запиша во листата на стрелци.