Пред две недели заврши есенскиот дел од сезоната 2021/22 во нашата елитна лига. Како што е познато екипата на Шкупи го понесе епитетот – есенски првак и тоа со освоени 42 бода, дури седум повеќе од втората Академија Пандев и осум од третата Шкендија.
Нема дилеми дека кога ќе се анализираат настапите на чаирчани, тогаш ќе се покаже дека Шкупи под водство на трофејниот стратег Гоце Седлоски, беше убедливо најдобар во ПМФЛ во овие 18 кола. Дека беше најефикасен, дека имаше најдобра одбрана, дека освои најмногу бодови.
Некои злонамерници ќе кажат дека Шкупи играл вака, па играл така или онака.
Сепак бројките велат дека овој Шкупи под водство на Седлоски едноставно урива клупски рекорди.
Имено Шкупи веќе две децении ја чека титулата на Чаир и ако ги земеме в предвид последните пет сезони ќе го заклучиме следното.
Овој Шкупи во оваа полусезона освои 42 бодови, најмногу. Постигна 43 голови, секако најмногу. Во ланската сезона на 33 меча успеал да постигне 41 гол, претходно во таа скратената само 28, има и 40 или 27. Ова се бројки на крајот од тие сезони.
А сега само во есенскиот дел тимот постигнал феноменални 43 голови.
Да не говориме за одбраната. Па, Шкупи оваа есен на 18 меча примил само 11 голови. Само во минатата сезона, вкупно, има помалку голови од одиграни мечеви.
Се на се овие бројки кажуваат многу работи, а тоа е дека конечно по цели две децении клубот од Чар, со доаѓањето на Седлоски на клупата, едноставно знае што прави, знае како треба да дојде до тронот, до шампионскиот пехар.
На крај кога сме кај стрелците да ги споменеме Сандеј Адетунџи со 11 голови оваа есен кој е втор на листата на стрелците во ПМФЛ, потоа Фреди Алварез со 8 голови, Матеј Цветаноски со 5, Марко Ѓорѓиевски со 4, Фаустин Сенгор со 3…
Да кажеме и тоа дека до пред две години, тука не сметаме таа скратената сезоната поради короната, во ПМФЛ се играа 36 кола наместо сегашните 33. А тоа секако му дава уште поголемо значење на овие сенски бројки кој ги имаат чаирчани под водство на Седлоски.
БРОЈКИТЕ И ПЛАСМАНОТ НА ШКУПИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ СЕЗОНИ
2021/22
1.ШКУПИ 18 13 3 2 43:11 42 (полусезона)
2020/21
2.ШКУПИ 33 16 11 6 41:24 59
2019/20
5.ШКУПИ 23 7 8 8 28:28 29 (скратената сезона)
2018/19
4.ШКУПИ 36 13 9 14 40:42 48
2017/18
4.ШКУПИ 36 13 12 11 51:48 51
2016/17
8.ШКУПИ 36 8 13 15 27:39 37