На престојното Европско првенство нема да видиме голем број на познати ракометни имиња. Дел од репрезентациите се соочуваат со позиивни случаи на Ковид-19, дел со повреди.
Српската ракометна федерација и официјално потврди дека на континенталното натпреварување нема да смета на услугите на најдобриот играч, Петар Ненадиќ. Во таборот на оваа репрезентација се надеваа дека Ненадиќ ќе успее на време да се рехабилитира, но новите прегледи го покажаа спротивното. Тој нема да може да им помогне на своите соиграчи, сепак повредата на мускулот која ја заработи пред месец дена бара поголема пауза.
Србија е во група со Хрватска, Франција и Украина.