Тоа што „СПОРТМЕДИА“ претходно го најави, сега доби и официјална потврда. Нов играч на Шкупи е Томе Китановски, 29-годишниот десен бек кој дојде како слободен фудбалер откако го напушти Македонија ЃП.
„Дојдов во Шкупи благодарение на спортскиот директор Омер Буњаку. Тој ми го претстави планот и програмата за новата сезона и прифатив да бидам дел од овој клуб. Шкупи ќе атакува на врвот наредната сезона, а се надевам дека ќе останеме долго и во Европа. Ветувам максимална борба на теренот“, вели Китановски.
Потпишана е едногодишна соработка која стапува на сила од јуни.