Бесник Ферати е следното засилување за есенскиот шампион, тимот на Шкупи. Досегашниот играч на тимот на Академија Пандев, и Македонски младински репрезенаттивец, се враќа во тимот на Шкупи, каде што играше во младинските категории, и од каде што впрочем и го направи трансферот своевремено во Албанија, во тимот на Партизани.
Сега, играчот за врска се враќа што се вели во право време, кога Шкупи е на прагот да освои нова шампионска титула, а тој е тука за да помогне истото и да се случи.
Спортмедиа дознава дека во текот на утрешниот ден, Шкупи ќе промовира неколку свои засилувања кои ги доведе зимава.