Па Омар Џобе пристигна во Струга Трим Лум!

1738

Од денеска Струга Трим Лум има нов напаѓач, а тоа е Па Омар Џобе, напаѓач од Гамбија кој во струшкиот прволигаш ќе игра како позајмен играч на Шкендија.

Имено Гамбиецот е пратен во Струга како дел од трансферот на Клисман Цаке кој вчера беше претставен како нов член на Шкендија. Па така тетовци го ангажираа Џобе и веднаш го пратија во Струга кој веќе го одржа и првиот тренинг со својот нов тим.

Па Омар Џобе има 23 години, роден е во Гамбија а последен клуб му бил Шеикл Џамал од Бангладеш.

ПретходноМитревски е голем борец: Ќе тренирам во соба, побарав да ми донесат опрема!
СледноСкопје го донесе и Боби Целески