Она што Спортмедиа го најави уште пред десетина дена, Академија Пандев предмалку и го официјализираше. Екс Македонскиот младински репрезенаттивец Димитар Митровски е нов член на Струмичани. Тој досега беше член на тимот на Спортинг Лисабон, а претходно и на екипите на Магдебург односно Ханса Рошток, и беше сметан за еден од најголемите таленти во Мак фудбалот. Сепак, недоволната минутажа во Португалија, го натера Митровски да направи кам бек во домашниот шампионат и да потпише во тимот на Академија Пандев.
Тој е дете на Работнички и од мали нозе беше сметан за огромен талент. Беше капитен на Македонската репрезентација до 19. но и до 21. година, и е дел од генерацијата која играше елитни квалифиакции заедно со Елмас, Чурлинов, Атанасов….