Стоилов: Ја принудивме Словенија да греши, оваа репрезентација е на вистински пат!

786

Македонската ракометна репрезентација во храбра игра и пораз од Словенија го отвори Европското првенство. Големиот број на технички грешки ни го одземаа „луксузот“ да дојдеме до сензационална победа над еден од двајцата фаворити.

Но, нема простор за разочарување, оваа генерација која полека се гради, без Лазаров, Манасков и Марковски во составот, делувавме многу добро против Словенците.

„Честитки до Словенија за победа и добрата игра. Не одиграа најдобри ги натеравме да играат така бидејќи се подготвивме за нив. Немавме искуство, невме среќа за да победиме или да освоиме бод. Се надевам дека вака ќе играме и на следните средби, со помалку грешки“, изјави Стоилов.

Искусниот пикер го искоментира моментот кога дознале за повредата на Лазаров, вели дека веќе долго време се подготвуваат за ерата после најдобриот македонски ракометар. Задоволен е од она што се работи и верува во многу добри денови.

„Не беше страшно, Киро не ги играше пријателските натпревари, се навикнавме без него, момците видоа дека можат без него, не не изнендија, некои грешки од неискуство, избрзавме во одредени моменти. Видовме дека можеме, има промена на генерации, репрезентацијата оди во вистински правец останува да ги намалиме грешки“, додаде Столе.

Следен меч е дуелот со Црна Гора, се игра за два дена.

ПретходноЛазаров: Горд сум на момците, заслуживме бод, а можеби и два!
СледноВрањеш призна: Македонија одигра добро, нас не фати нервоза!