Фиорентина се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија откако по продолженија со 5:2 славеше против Наполи. Мечот во Неапол беше фестивал на црвени картони, продолженија и победа на „виолетовите“.
Првиот сериозен момент за гол беше во 21. минута кога Елиф Елмас за малку остана непрецизен пред голот на гостите. Дваесетина минути подоцна гостите од Фиренца поведоа со голот на Влаховиќ. Само три минути подоцна Наполи израми преку Мертенс.
Гостите беа со играч помалку од крајот на првиот дел кога Драговски беше исклучен поради старт врз Елмас. И покрај тоа, Фиорентина преку Бираги во 57. минута поведе со 2:1. Во финишот, Наполи остана со двајца играчи помалку, откако беа исклучени Лозано и Фабијан Руиз, но успеа преку Петања да израмни на 2:2 и да се избори за продолженија.
Во нив доминантната Фиорентина постигна три гола преку Венути, Пјонтек и Малех и на крајот засилужено обезбеди четвртфинале.