Фудбалерите на Атлетико Мадрид загубија со 2:1 од Атлетик Билбао во второто полуфинале на шпанскиот Суперкуп и не успеаја да им се придружат на градските ривали Реал (М) во големото финале в недела.
Баскијците стигнаа до финалето на турнирот благодарение на победничкиот гол на Нико Вилијамс во 81. минута, откако претходно Алварез успеа да израмни на 1:1 и да го најави комплетниот пресврт.
Атлетико (М) имаше предност од 1:0 од 62. минута благодарение на автоголот на Симон.