Футсал репрезентацијата на Македонија доцна синоќа загуби од светскиот првак Португалија во првата од двете планирани пријателски средби кои се играа(т) во Лисабон. Домашната селекција победи со 3:1, но треба да се каже дека нашите момци резултатски добро се држеле и тоа се до 38.минута до кога имале резултат 1:1. Португалија поведе со голот на Адре Коелјо во19.минута, израмни Јакуп Рамадани две минути подоцна. Победата на Португалија ја донесоа Ерик и Жоао Матош. Втората пријателски средба се игра денеска во 18:45 часот.