Академија Пандев му дава шанса на Ѓорге Стојчев

355

Ниту стратег од Србија или Словенија, ниту Игор Ангеловски, туку Ѓорге Стојчев е новиот кормилат на тимот на Академија Пандев. Човекот кој е дел од Академија Пандев од самото нејзино формирање, и досега беше единствено тренер во академијата, односно во младинските категории, сега добива шанса како главен тренер, откако Александар Васоски замина во Сараево.

Стојчев од друга страна соработувал и со Југослав Тренчовски, и со Александар Таневски и со Александар Васоски, а сега раководството на клубот го назначи за прв тренер. Секако дека ова е голема одговорност но и предизвик, да се преземе клубот, кој во моментов е втор на табелата и има амбиција на лето да игра во Европа.

ПретходноКФСМ со реакција за кривичната пријава за Перо Антиќ
СледноСтоилов со најмногу настапи на ЕП