Влезе во 91 минута, удри противнички играч и избега да не го види судијата

314

Мечот меѓу Габон и Гана во 2. коло од групната фаза донесе интересен момент во финишот на мечот. Во 88 минута, играчот од средниот ред на Габон Џим Алевина го изедначи резултатот на 1:1 поради што го налути противникот.

По последниот свиреж на судијата, двете страни се степаа, а напаѓачот на Гана Бенџамин Тете го удри во лице Арон Бупендз.

Тете кој игра за турски Малатија влезе во игра во 91. минута, го удри противничкиот играч и избега во соблеквалната за да не го види судијата. Но заборави дека на стадионот има ВАР, па судијата ја прегледа снимката и го виде ударот.

Арбитарот Лалу Бенбрам беше лут кога виде дека го нема насилникот на теренот, па му рече на капитенот на Гана Томас Парти да го врати Тете на теренот. Тете си мислел доколку не го види црвениот картон, ќе се спаси од казна. Но не е така. Судијата покажа црвен картон, а играчот на Гана ќе го пропушти наредниот меч, а можеби и целото првенство за што ќе одлучува Дисциплинската комисија.

 

 

ПретходноПријателска во Анталија: Шкендија одигра 2:2 против Шиофок од Унгарија!
СледноСерафимов го носи Тодороски во Залаегерсег!