Серафимов го носи Тодороски во Залаегерсег!

529

Тодор Тодороски, бекот на Раднички Ниш и актуелен репрезентативец на Македонија е трансферна цел на Залагерсег, тим од Унгарија, тим во кој успешно настапува исто така нашиот репрезентативец Никола Серафимов. Како што пренесуваат медиумите во Унгарија, раководството на Залаегерсег и тоа како било заинтересирано за услугите на Тодороски, се разбира дека за неговото евентуално доаѓање своја заслуга има и Серафимов кој секако бил прашан за квалитетите на неговиот сонародник.

Инаку Тодороски од Вардар направи трансфер во Осијек, потоа беше на позајмица во Шибеник, за да минатото лето се пресели во Раднички Ниш од Србија.

ПретходноВлезе во 91 минута, удри противнички играч и избега да не го види судијата
СледноФантастичен гол на Де Брујн за победа на Сити над Челзи (видео)