Диего потпиша за Брегалница!

1211

Хрватот Диего Живулиќ е првото зимско засилување во редовите на Брегалница. Станува збор за играч од средниот ред, има 29 години а последен клуб му бил Диошѓер од Унгарија.

Според раководството на Брегалница, Живулиќ е само првото од неколкуте зимски засилувања кои треба да дојдат во Штип и со кои тимот предводен од новиот стратег Илчо Ѓорѓиоски ќе јуриша напролет кон победи.

Инаку Брегалница утре се сели во Анталија.

Претходно„Фалангата“ во еуфорија – ОДИМЕ НА ПОБЕДА! (ВИДЕО)
СледноВо Загреб, Црна Гора „настрада“ и од друг играч!