Академија Пандев продолжува со својата добро позната пракса да им дава шанса на младите свои талентирани момци. Па така денеска беше објавено дека струмичани потпишале професионален договор со младиот Димитар Трајков кој е роден во 2004 година. Пред него е убава фудбалска иднина, а веднаш по потписот Трајков е пратен на позајмица во Беласица.