Холандскиот „бомбардер“ го израмни постигнувањето на Кире Лазаров (ФОТО)

1869

Новата холандска ракометна надеж, Кеј Смитс, станува вистинска ѕвезда на актуелното европско првенство во Унгарија и Словачка. 24-годишниот холандски десен бек, синоќа во поразот на „лалињата“ на мечот со Исланд, уште еднаш покажа дека ќе биде новата гол-машина на ракометните терени, откако постигна фантастични 13 гола и влезе во историјата на европските шампионати.

Смитс стана само едне од 15 ракометари во историјата на европските првенства кој постигнал најмалку 13 гола на еден натпревар. Со ова постигнување Смитс успеа да го израмни и рекордот на нашиот капитен и селектор, Кире Лазаров постигнат на ЕП 2012 кога на мечот со Данска исто така постигна 13 гола.

ПретходноЧелзи понуди 40 милиони, Барса бара 60 милиони евра за Де Јонг
СледноНа последниот дуел со Данците ќе ни судат Словаци