Јувентус ја повлече понудата за нов договор со напаѓачот Пауло Дибала која изнесуваше 8 милиони евра годишно, плус бонуси од 2 милиони евра.
Сега торинскиот клуб има намера, напротив, да му ја намали платата на 28-годишниот Аргентинец, сметајќи дека пред затворањето на зимскиот преоден рок, тој нема да има подобри понуди.
Истовремено, Јувентус ризикува на крајот на сезоната Дибала да стане слободен играч и да замине бесплатно. Аргентинецот се уште не е расположен за потпишување нова соработка со „Старата Дама“, па прашање е како ќе заврши оваа нивна соработка.
Претходно стана јасно дека преговорите на Дибала со Јуве за нов договор се одложени за февруари.