Мартин Велковски: Повредата на Кузмановски ја поремети нашата игра!

434

Македонија и во третиот меч на ова ЕП доживеа пораз, вечерва во последниот меч загубивме од Данска. По мечот свој коментар имаше Мартин Велковски кој истакна.

Добро отворивме, мислам дека добро се подготвивме за овој меч. Играме играно со Данска. Се држевме до оној момент кога Филип Кузмановски се повреди, тоа ни ја расипа ротација, играта. После тоа се виде дека имаме проблеми со организирањето во играта“ посочи Велковски.

Инаку тој жали за овој висок пораз…

Да, Данска никогаш не застанува. Кај нив играа поодморни играчи кои сакаа да се докажат кај нивниот селектор. Жалам што на крајот беше десет разлика за Данска. Што е тука е. Видовме на претходните мечеви дека можеме да играме. Сите тие мечеви беа израмнети. Не знам сега дали одлучи неискуството. Пропуштивме шанса да влеземе во вториот круг“заврши Велковски.

ПретходноМакедонија со убедлив пораз од Данска се збогува од ЕП (ФОТО)
СледноЛазаров: Се трудевме колку што можевме, но Данска е вистинска машина