Жарко Пешевски на мечот со Данска одигра навистина добро во нападот. Во шест наврати ја затресе мрежата на противникот, сепак тој смета дека кога ќе се загуби не е важно кој колку гола дал.
Да се потсетиме дека Македонија на последниот меч на ова ЕП загуби од Данска со 21:31.
„Ова е колективен спорт, нема тука кој дал повеќе голови, или кој играл добро. Важно е дека на овој меч со Данска влеговме максимално мотивирано, целта беше да го обелиме образот од она што се случи на мечот со Црна Гора. Имавме одличен почеток, но сепак игравме против една екстремно силна Данска која не натрча, го прекрши натпреварот на средината од првото полувреме и натпреварот го реши во своја корист“.
Пешевски смета дека оваа селекција има иднина…
„И на овој меч, посебно во првите 10-15 минути, но и враќањето со Црна Гора, мечот со Словенија покажа дека во селекција има живост, има квалитет кој ќе дојде до израз на следните натпревари. Оваа публика која беше со нас е мотив плус да се покажеме во вистинско светло на следните натпревари“ заврши Пешевски.