Фудбалерите на Македонија ЃП немаа среќа докрај да ја одиграат својата прва пријателска средба на подготовките во Анталија. Имено при водство од 1:0 на „лавовите“ против бугарскиот второлигаш Спартак Варна, во второто полувреме имало силно невреме, проследено со силен дожд, па затоа овој меч се прекинал. До крајот останале да се доиграат уште 17.минути. Барем така известуваат од Спартак Варна на своите социјални мрежи.