Maнчини го враќа Балотели во репрезентацијата!

209

Селекторот на Италија Роберто Манчини ќе го врати Марио Балотели во репрезентацијата, пренесуваат италијанските медиуми. 31-годишниот Балотели игра за Адана Демирспор и сезонава има седум гола, две асистенции во 18 натпревари во Суперлигата. Изгледа се пронајде себе си по разочарувачките епизоди во Бреша и Монца.

Според новинарот Фабрицио Романо, Манчини ќе го повика Балотели за претстојните интернационални натпревари што ќе значи враќање на напаѓачот во националниот тим по тригодишна пауза.

Последниот меч за „Аѕурите“ некогашниот напаѓач на Интер, на Сити и неколку други клубови го одигра во септември 2018 година во ремито 1:1 со Полска во Лигата на нациите. Последниот гол го постигнал во мај 2018 во пријателски меч со Саудиска Арабија (2:1).

 

ПретходноАкција и завршница како на плејстејшн – ги „пореметија“ противничките играчи (видео)
СледноЏенова и Удинезе ремизираа, Пандев и Нестор гледачи на клупата