Работнички од денеска е посилен и за Драшко Ѓорѓевиќ. Српскиот интернационалец кој беше дел од македонскиот клуб во сезоната 2020/21, потпиша договор и се врати. Во изминатиот период Ѓроѓевиќ настапуваше за српскиот клуб Рад.
Новиот играч на Работнички ќе ја засили конкуренцијата во одбраната и се наоѓа со тимот на подготовките во Анталија.
Денеска „романтичарите“ ќе го одиграат и првиот пријателски натпревар на подготовките во турскиот туристички центар, а противник е украинскиот прволигаш Лвов.