На заминување: Германците си направиле „ковид-забава“ со пиво, крофни и пица

257

Германија и оваа година не успеа да се пласира во битка за медалите на ЕП во ракомет. Сепак, германските ракометари го прославија пласманот во втората фаза со бизарна забава. Како што пишува весникот „Билд“, тие си организирале виртуелна „ковид-забава“ по победата над Русија од 30-29.

Играчите сместени секој во еднокреветна соба во хотелот, се вклучиле преку своите електронски уреди во една група и секој можел да си нарача што сака, од пица, крофни и пиво.

Германските ракометари морале вака да слават поради ковид-протоколите кои буквално им ги урнаа сите планови на ова Европското првенство, поради големиот број позитивни тестови кои ги имаа за време на турнирот.

ПретходноБројките не лажат: Хансен во полуфинале секогаш постигнува минимум 10 гола!
СледноПерсон на местото на позитивниот Сандел во селекцијата на Шведска!