Македонската ракометна репрезентација го дозна името на противникот за првиот бараж во битката за место на Светското првенство 2023 година. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат против селекцијата на Романија.
Овие натпревари се предвидени да се играат во периодот од 14. до 20. март. Македонија е домаќин на првата средба.
Доколку го минат овој бараж за пласман на Мундијалот ќе играат против една од следните репрезентации: Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Србија и Русија, Црна Гора, Холандија и Исланд.
Овие дуели е предвидени да се одиграат на 11. и 17. април.
Македонија има седум учества на Светските првенство, пет во низа.