Кам-бек на Јапонецот. По триумфот на Новогодишната турнеја, Рују Кобајаши имаше слаби настапи на следните четири скокалници поради што го загуби првото место во генералниот пласман во Светскиот куп. Таму седеше Карл Гајгер, но по денешниот натпревар во Вилинген јапонскиот скокач се врати на првото место.
Кобајаши победи на денешниот настап во германски Вилинген откако собра 115,6 поени. Втор заврши Халвор Гранеруд од Норвешка со 111,6 поени, а трет Мариус Линдвик со 107 поени. Четвртото и петтото место го заземаа Германецот Северин Фројнд (104,2 поени) и Јапонецот Јукија Сато (103 поени).
Во генералниот пласман Кобајаши е прв со 1136 поени, а Гајгер е втор со 1108 поени. Трет е Гранеруд со 865 поени.
Утре на програмата уште една „тура“ скокови во Вилинген, па експедицијата се сели во Пекинг на Олимписките игри.
#FISskijumping WCup #Willingen 🇩🇪
HS147 M 🎿
1⃣ Ryoyu #Kobayashi 🇯🇵 115.6
2⃣ Halvor Granerud 🇳🇴 111.6
3⃣ Marius Lindvik 🇳🇴 107.0
4⃣ Severin Freund 🇩🇪 104.2
5⃣ Yukiya Sato 🇯🇵 103.0#skijumping pic.twitter.com/EbaIqLJ9ws— SportRisultati (@SportRisultati) January 29, 2022