Првиот човек на Фиорентина удри жестоко кон Влаховиќ и неговите алчни агенти

612

Откако заврши сагата со Душан Влаховиќ и српскиот репрезентативец премина од Фиорентина во Јувентус, првиот човек на „виолетовите“ Роко Комисо одлучи да си ја отвори душата. Отворено го „нападна“ Влаховиќ, неговите агенти, нарекувајќи ги лажговци, но ја чепна Јувентус и навивачите на Фиорентина поради навредите на негова адреса.

Влаховиќ ја одби понудата на Фиорентина и одлучи да отиде во Јувентус во трансфер вреден 70+5 милиони евра. Со тоа се одбиени понуди од Арсенал, Тотенхем како и Атлетико Мадрид.

Многу сум разочарам од критиките. Слушнав зборови кои не можам да ги прифатам. Критики кон мене кои мора да запрат. Затоа одлучив да кажам некои работи што се случуваа изминатите некои денови“, почна Комисо.

Се најдов во ситуација да морав веднаш да одлучам. Докторите ми препорачаа да не патувам, но и покрај тоа јас ризикував и решив да им помогнам на Душан и неговите агенти. Последниот пат кога го видов тој ниту ме поздрави. Очигледно беше дека тој веќе се договорил со друг клуб. Ги одби сите понуди. Неколку пати отидов во Англија, но Душан секогаш кажуваше „не“ на понудите. Тој сакаше да остане и да ја уништи Фиорентина. Зошто? Неговите агенти бараа 10% од трансферот и ексклузивно право да преговараат. Тие сакаа тоа да го издејствуваат од нас, но кога видоа дека не можат го однесоа својот клиент во друг клуб. Тие се лажговци. Во ноември зборувавме за продолжување на договорот и се беше океј, па очекував во наредните денови тој да потпише. Меѓутоа тој одолговлекуваше. На крајот не изненадија со тоа што побараа годишна плата од 8 милиони евра што беше двојно од она што се договоривме претходно“, додаде Комисо.

ПретходноШампионот им се врати на победите, Феникс и Голден Стејт рушат се пред себе
СледноВо едното полуфинале тимови со вкупно 12 титули, на другото тимови без ниту еден трофеј