Лауреус денеска ги објави номинациите за „спортскиот оскар“ или признанијата за најдобри спортисти по категории. Па така за најпрестижната награда – спортист за 2021 година меѓу шесте номинирани се Новак Ѓоковиќ (тенис – Србија), Макс Верстапен (Ф1 – Холандија), Том Брејди (НФЛ -САД), Роберт Левандовски (фудбал – Полска), Елијуд Кипчоге (атлетика – Кенија), Кејлеб Дресел (пливање – САД).
Еден од овие шестмина ќе го понесе признанието за најдобар во 2021 година, а победникот ќе се знае во април.










