Од лошо уште полошо за некогаш македонскиот ракометан гигант. Имено Металург покрај тоа што е исклучен или суспендиран од сите натпревари на ЕХФ, би можел да биде исклучен и од домашниот шампионат, односно од Суперлигата, и тоа на барање на ЕХФ. Имено такво барање стигнало до нашата ракометна федерација.
Финансиските проблеми во клубот од Автокоманда се чини дека се толку големи што не може никој да ги разреши. Долгот е 50.000 евра, тука не се сметаат и долговите кон поедини играчи и тренери кои некогаш играа за овој клуб.
Интересно е тоа што денеска требаше да се игра мечот со Вардар, некогаш ова беше големо дерби не само во Македонија и на Балканот, туку и во Лигата на Шампионите.
Но овој натпревар најверојатно нема да се одигра.










