МЗТ Скопје продолжи победнички и во 15. коло во Првата лига, откако на гостувањето кај Куманово славеше со 70-65.
Во второто полувреме актуелниот македонски првак остана без Дамјан Стојановски, спред информациите од клубот, македонскиот репрезентативец го повредил скочниот зглоб. Повредата не изгледа добро, но повеќе детали ќе бидат познати во текот на утрешниот ден кога ќе бидат направени детални прегледи.
Ова е лоша вест пред заминувањето (сабота) за Бања Лука, каде во рамките на АБА 2 лига ќе ги одмери силите со Сутјеска на 7. овој месец, два дена игра со Подгорица, „балонот“ го затвора против Војводина на 12. февруари.
МЗТ Скопје со овој триумф дојде до скор 12-3 во домашната Прва лига.










