Пелистер е единствениот тим во Првата лига, кој нема пораз по 13 одиграни натпревари. Битолчани се лидери на табелата, од коло во коло, пишуваат нова клупска историја.
Нова пречка за избраниците на Марјан Илиевски е Кожув. Гевгеличани за време на паузата направија промени во составот и на клупата, имаат добри засилувања, па ќе се обидат да го сторат невозможното – да бидат првите кои го зеле скалпот на Пелистер.
Во минатото коло, Кожув имаше непријатно искуство кај Академија ФМП, беше убедливо совладан и речиси го загуби чекорот во битката за место во Супер-лига, но тоа нема да ги демотивира, напротив со голема самодоверба ќе влезат во пресметката со битолчани, за кои ова е прв меч по паузата, во минатото коло дуелот со Феникс не го одиграа поради позитивни случаи во таборот на противникот.