Кој ќе биде шампион на Македонија: Шкупи, Шкендија или можеби “пандевци“!

1064

Утре, со мечот Брегалница – Ренова, стартува пролетниот дел од 30.шампионат во ПМФЛ. Во Штип утре се “отвора“ пролетниот дел, а во недела се играат преостанатите пет средби од 19.коло. Дербито се игра на Чаир каде се среќаваат Шкупи и А. Пандев, две од трите екипи кои се претенденти за титулата во оваа јубилејна 30-та сезона. Третата е Шкендија, се разбира дека шампионот не смее да се заборави.

Чаирчани се најголеми фаворити за освојување на шехарот, тие во преостаните 15 пролетни кола, пред “пандевци“ ќе стартуваат со седум бодови предност, додека пред третата Шкендија имаат дури 8. Кога сме кај табелата Шкупи е лидер со 42 бода, А. Пандев е втора со 35 и Шкендија трета со 34 бодови.

Од ова се гледа колку е важен неделниот дуел на Чаир. Во случај на пораз на Шкупи е тогаш пролетниот дел ќе биде пеколен.

Сепак нема да биде решавачко ова дерби, има да се игра уште цела пролет.

Инаку Чаир “гори“ за титула. Минаа 21 година од кога последен пат имаше шампионско славје во оваа скопска населба. Во случај на триумф тогаш Шкупи ќе дојде до четвртата титула во самостојна Македонија со што ќе им се придружи на Работнички и Шкендија кои исто така имаа по четири. Напред е Вардар, кој со 11 пехари долго време ќе биде недостижен, но сега вардарци се второлигаши и не се тема на муабет.

Шкупи е фаворит пред се поради квалитетот, знаењето на стратегот Гоце Седлоски како да дојде до пехарот.

Шкендија оваа пролет влегува засилена пред се со враќањето на Ферхан Буба Хасани. Тетовци не кријат дека ќе сторат се да дојдат петтата шампионска ѕвездичка со што и официјално ќе бидат вториот наш клуб на вечната листа на освојувачи на првенствата во ПМФЛ.

А. Пандев го “загуби“ првиот стрелец во ПМФЛ Мартин Мирчевски, но го доби Виктор Ангелов. Не смееме да заборавиме дека на клупата на струмичани ќе го нема Александар Васоски. Ако сепак дојде овој тим до пехарот тоа ќе биде прв во неговата историја.

Во секој случај очекуваме беспоштедна битка, битка за секој гол, секој бод.

Ќе биде супер интересно а најдобриот на крајот нека се радува.

ПретходноЕ. Пелистер го договори и тунискиот репрезентативец Усама Хосни!
СледноВнукот на Џорџ Сорос понудил 3,5 милијарди евра за Тотенхем!