Три потписи на Автокоманда: Скопје се засили со Божиновски, Андоновски и Хајдари!

1618

Во последниот ден од преодниот рок екипата на Скопје се засили со три нови имиња. Ставени се три потписи на договорите со Антонио Божиновски, Марко Андоновски и Бујар Хајдари. Со нив составот на стратегот Љупчо Марковски треба да добие на поголема конкуренција во својот ростер.

Како што е познато, викендов стартува пролетниот дел од тековната сезона 2021/22 а екипата од Автокоманда на свој терен в недела го дочекува Борец, конкурент на “пиратите“ во битката за опстанок.

ПретходноВнукот на Џорџ Сорос понудил 3,5 милијарди евра за Тотенхем!
СледноШкупи го “врза“ Абази на две години!