Морис со звукот на сирената за триумф на Денвер над Голден Стејт (ВИДЕО)

102

Кошаркарите на Денвер во дербито на вечерта го совладаа тимот на Голден Стејт на гости со 117:116 и со тоа дојдоа до третиот последователен триумф во НБА лигата. Тројката за победа на Денвер ја постигна Монте Морис во последната секунда од натпреварот, по асистенцијата на Никола Јокиќ.

Јокиќ забележа нов дабл-дабл учинок со 35 поени и 17 скока, а Брин Форбс постигна 22 поени.

Во домашниот тим најдобар беше Стивен Кари со 25 поени и шест асистенции.

Детроит го победи Бостон на гости со 112:111 и со тоа ја прекина серијата од осум последователни порази, додека Бруклин беше подобар од Њујорк со 111:106 на гости.

По седум последователни порази, тимот на Индијана дојде до победа на домашен терен, победувајќи го Вашингтон со 113:108, додека Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа Јута на домашен терен со 106:101.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Атланта 109-130

Бостон – Детроит 111-112

Индијана – Вашингтон 113-108

Њујорк – Бруклин 106-111

Чикаго – Сакраменто 125-118

Мемфис – Портланд 119-123

Минесота – Торонто 91-103

Оклахом а- Сан Антонио 106-114

Феникс – Хјустон 124-121

Голден Стејт – Денвер 116-117

ЛА Лејкерс – Јута 106-101

ПретходноДвоен успех на Швајцарките во алпска комбинација
СледноКанаѓанките им се реваншираа на Американките и го освоија златото на ЗОИ 2022