Алегри не смета на Роналдо, но Португалецот засега не го сака никој!

1411

Масимилијано Алегри се врати на клупата на Јувентус после две години. Покрај тренерската улога, во тимот од Торино сега ќе ја има и улогата на менаџер, токму тој ќе се прашува за секое засилување или заминување.

Бројни фудбалери се поврзуваат со Јувентус, но она што е извесно е дека ќе има и заминувања. Еден од нив е Кристијано Роналдо. Италијанските медиуми тврдат дека Алегри не го сака Португалецот. Но, неговото заминување ќе биде тешко поради неговата плата која изнесува 31 милиони евра. Засега не постои клуб кој е подготвен да издвои толкава сума на пари.

Старо-новиот стратег на „Старата дама“ го отпишал Роналдо, но дали ќе биде вака останува да видиме во скоро време. Португалецот во Јувентус дојде во 2018 година, одигра 133 меча и постина 101 погодок.

ПретходноАгуеро ги договори деталите, ќе потпише само под еден услов!
СледноПо пенали до финале: Најлоша сезона за Ѓер, Брест за историја!