Македонскиот репрезентативен техничар Филип Деспотовски и неговиот рим Будва се пласираа во финалето на Купот на Црна Гора. Во двомечот со екипата на Галеб, будвани двапати славеа со убедливи 3:0.
Деспотовски кој на првата средба реализираше и два поени, во вториот меч не беше во составот на Будва која како голем фаворит едноставно го прегази противникот. Во финалето и битката за куп пехарот, Деспотовски и Будва за противник ќе го имаат тимот на Будуќност, кој усто така во двомечот со Сутјеска обезбеди две убедливи победи од по 3:0.