Втор пораз во низа за македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски и неговиот Плоешти во романскиот шампионат. На гостувањето кај Атлетико Константа, тимот на Магдевски беше убедливо совладан со 86-71 во меч од 22. коло.
Домаќинот одигра добро во првата четвртина, ја доби со 28-13. По 43-35 на одморот, Плоешти падна кон крајот на третиот период, имаше негатива од 17 поени која беше тешко да се стигне.
Магдевски мечот го заврши со десет поени, седум скока и пет асистенции.
Плоешти се наоѓа на 11. место на табелата во романскиот шампионат со скор од 8 победи и 11 порази.