„Академците“ пресилни за Работнички

178

Работнички направи уште еден чекор назад кон освојување на едно од шестте места кои водат во Супер-лигата. Најтрофејниот кошакарски колектив е поразен на гостувањето кај Академија ФМП со 83-70 во меч од 18. коло во Првата лига.

Крстајиќ со 25 поени беше лидер кај победникот, Иври имаше 13 поени, еден помалку запиша Бакоч. Балмазовиќ со 18 поени и 7 скока беше прв стрелец кај Работнички.

Избраниците на Игор Михајловски беа добри во првата четвртина во која поведоа со 5-14. По 22-23 на истекот на овој период, дуелот влезе во резултатска нишалка, која домашниот состав ја реши со серија од 8-0 за двоцифрени 47-37. По ова водство Академија ФМП успеа да го задржи ритамот и рутински да го приведе мечот.

За тимот од Кисела Вода ова беше 12. триумф, со шест порази, се врати на четвртото место на табелата со 30 бода исто колку и Гостивар.

ПретходноСандеј: Важна е победата и освоените бодови
СледноХамилтон пред стартот на сезоната: Мерцедес не е најбрз