Киелини: Ни треба сигурност и смиреност, а Македонија не е во баражот случајно

319

Искусниот италијански дефанзивец Џорџо Киелини зборуваше за престојниот натпревар против Македонија во баражот. Тој вели дека ги познава македонските играчи и дека Македонија не случајно е во баражот.

Ни треба сигурност, затоа што Македонија не е тука случајно, има играчи кои ги познаваме и ги препознаваме од нивниот клубски фудбал. Треба само да бидеме свои, да го играме нашиот фудбал и да го правиме тоа смирено, сето она што ни овозможи да загубиме многу малку натпревари во последните три години.
Оние кои го доживеаја разочарувањето од пред четири години, исто така ќе имаат искуство и смиреност да ги задржат своите емоции под контрола, бидејќи тоа беше многу важна лекција што ја научивме“, изјави Киелини кој се враќа по повредата.

Добро сум, добро ги поднесов тренинзите и среќен сум што сум тука. Има уште еден тренинг, тренерот ќе го направи својот избор, но јас сум на располагање. Со оглед на последниот месец, немав проблеми на тренинзите“, вели искусниот дефанзивец на Јувентус.

ПретходноОфицијално: Брозовиќ во Интер до 2026 година!
СледноМанчини: Не гледам фаворит на мечот, Македонците се добро тактички подготвени